Баша: Екипата на Рама составена од камикази и шверцери

Од:

Новиот лидер на албанската Демократска партија и градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша, упати тешки обвинувања на адреса на новиот владин кабинет, чиј состав вчера го соопшти премиерот Еди Рама.


На средба со новинарите, Баша  ја оцени новата влада како експериментална екипа, која не е во служба на граѓаните, туку само исполнување на желбата на Рама да стане премиер.


– Вчера граѓаните слушнаа од Рама за екипата која ќе се соочи со предизвиците на извршната власт. Екпсериметална екипа со министри на Рамиз Алија, протагонисти да ја земат власта и да профитираат од тоа, изјави меѓу другото Баша, обвинувајќи го Рама и за неговото неадекватно раководење на Тирана, кога беше градоначалник.


Според Баша, последиците од оваа влада на „камикази и шверцери“ ќе го осиромашат џебот на сите албански граѓани, ветувајќи дека ДП ќе продолжи да ги штити интересите на граѓаните.


На составот на кабинетот на Рама, реагираше и друштвото на Грците „Омонија“ искажувајќи сомнеж „како новата влада ќе го заштитува ова малцинство кога во нема нема ни еден министер Грк“. Омонија побара од Партијата за заштита на човековите права, чиј лидер е Вангел Дуле, а која беше дел од изборната коалиција предводена од социјалистите на Рама, да го преориентира политичкиот став.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент