Балканска пролет

Од:

Данас – Белград

Минатата недела во Србија мина во знакот на надворешната и геополитиката, иако со многу различни поводи и уште поразлични заклучоци во дел од јавноста.

Прво во понеделникот наутро амбасадорите Скот и Давенпорт имаа разговор со Вучиќ, кој дури и на протоколарните фотографии делуваше динамично и жестоко. Некои набљудувачи укажуваа и дека на една фото-сесија зад Скот е знаме на ЕУ, што е организациски пропуст, кој на втората серија на фотографии е поправен, во позадина стои знамето на САД.

Во некои кругови се тврдеше дека е постигнат привремен договор за примирје, за кое видлив знак е намалениот интензитет на пишувањето на провладиниот таблоид за „балканската пролет‟ и уривањето на Вучиќ.

Како видлив знак се зема тоа што раката на сопственикот на наречениот таблоид остана во воздух во текот на едночасовната ненадејна прес-конференција на премиерот. И дека му беше дадена можност за „балканската пролет‟ да го забрза прашањето на самиот крај и со кус и млак одговор.

Другите кругови, надоврзувајќи се и на фактот дека Давенпорт истата ноќ приреди редовна вечера за амбасадорите членки на ЕУ, како и на тоа што Скот истиот ден во разговор со Дачиќ се пожали на заострената реторика во српскиот Парламент, заклучија дека Вучиќ сериозно разгледува слабеење на европскиот и јакнење на прорускиот надворешнополитички курс.

Давенпорт, инаку добар познавач на српскиот јазик, во куса изјава за „Данас“ укажа дека задачата на амбасадорот е поддршка на европскиот пат на Србија, со се што тој пат подразбира, дури и кога понекогаш е нерамен.

И конечно, провладините аналитичари побрзаа, домашната криза предизвикана со ноќното рушење во Савамала поради грандиозниот Белград на вода, да ја објаснат со тоа што Владата се обидува да ја намали зависноста од Западот и да ја зголеми самостојноста на Србија со потпирање на Москва и Пекинг.

Ова последното е крунисано со посетата на претседателот Си Џипинг и како што се истакнува, со инвестиции во милијарди долари кои кинеската стопанска делегација ги донесува заедно со него во Белград.

Секако, при тоа, покрај целото значење на кинеските инвестиции и традиционалното пријателство на двете земји, премолчувајќи го фактот дека се работи за кинески регионален проект. Односно, за инвестиции за 16 земји на Централна и Источна Европа чија основна цел е инвестирање во инфраструктура која би создала поповолни услови за кинеската стока на овој пазар.

Белград беше домаќин на самитот 16 плус 1, т.е. Кина и 16 европски земји, во декември во 2014 година, како и дека премиерот патуваше на продолженијата на овие самити, а претседателот Николиќ во Пекинг присуствуваше на парадата по повод 70 годишнината на победата над фашизмот, Србија навистина може да се пофали со добра соработка со оваа азиска велесила.

Друго прашање е пак колку таа соработка, која е константна и која се одвиваше и во времето на претходните власти, може да се смести во контекст на надворешнополитичките осцилации во Белград. 

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски