Бајден во Приштина: Заедница на српски општини или изолација

Од:

Потпретседателот на САД, Џозеф Бајден им порача на косовските лидери да овозможат да се формира Заедницата на српски општини или во спротивно приштина ќе ја изгуби целосно поддршката од САД.

Тој побара и да се ратификува спогодбата за демаркација со Црна Гора.

Бајден на заедничката прес конференција со косовскиот претседател Хашим Тачи кажа дека спогодбата за формирање на ЗСО има позитивно влијание на регионот. И Тачи повтори дека без ЗСО, Косово ќе остане изолирано и од ЕУ и од САД.

Сакам да ја потпишете спогодбата со Црна Гора. Тоа е фер договор и ќе има позитивно влијание на регионот. И Заедницата на српски општини. Некои одлуки мора да се проголтаат, но тешките одлуки ќе донесат резултат. Ова се свежи лузни, но Косово треба да оди напред кон заедничка иднина и еднакви права за сите граѓани, рече Бајден.

Тој кажа дека и премиерот Иса Мустафа и косовскиот претседател Хашим Тачи позитивно се изјасниле за продолжување на дијалогот со Белград.

-Тоа ќе биде тешко, ама мора. Со премиерот Александар Вучиќ исто така разговарав за ова прашање, рече Бајден и предупреди дека косовските политичари имаат одговорност да се придржуваат до обврските кои ги дале во Брисел.

Би можело да ве интересира

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва