Авион натоварен со дрога се урна во Албанија

Од:

Албанската полиција синоќа соопшти дека уапсила еден италијански државјанин, откако неговиот мал авион натоварен со дрога се урнал на јадранската плажа Дивјака на 80 километри југозападно од Тирана.

Авионот од типот „Пајпер“ со оштетен пропелер и искината гума бил пронајден на плажата еден час по неговото полетување од аеродромот во Тирана.

Во полициското соопштение се посочува дека на околу сто метри од местото на кое се урнал авионот, полицијата открила и еден автомобил во кој имало 450 килограми марихуана.

Полицајците го уапсиле и возачот на автомобилот, кој кај себе имал 27.000 евра.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент