Асен Василев од бугарската партија ПП: Нема да поддржиме влада на ГЕРБ

Од:

Копретседателот на бугарската политичка партија „Продолжуваме со промената“ Асен Василев најави дека нема да учествуваат во преговорите со ГЕРБ за формирање нова влада на Бугарија. „Продолжувањето на промената“ ќе остане конструктивна опозиција. Доколку вториот мандат за формирање нова влада на Бугарија оди на „Продолжуваме со промената“, Василев најави дека нивната партија ќе одржи состанок на националниот совет и потоа ќе ја соопштат својата одлука, јави дописникот на МИА од Софија.

Во однос на желбата на преодната влада на Бугарија да предложи купување на користени авиони „Грипен“, според Петков, тие треба да бидат преземени од новоизбраното Народно собрание на Бугарија. Не е работа на преодната влада да носи толку важни одлуки во време кога веќе е формиран новиот парламент на Бугарија, коментира Петков.

Тој коментира дека нема притисок од амбасадата на САД во Бугарија за нивно учество во влада на ГЕРБ. Петков коментира дека не очекува раскол во „Продолжуваме со промената“ доколку станува збор за создавање на евроатлантска влада создадена од ГЕРБ. Според него, евроатлантска влада значи влада без корупција.

Василев коментира дека ГЕРБ, ДПС и „Вазраждане“ откако летото ја урнаа владата, сега имаат 130 пратеници во новото Народно собрание и можат заедно да владеат. „Продолжување на промената“ нема да ја поддржи опцијата преодната влада на Бугарија да остане на редовна основа. Целта е Бугарија да има редовна влада за да ја преброди зимата, но „Продолжуваме со промената“ ќе биде нејзина конструктивна опозиција. Предвремените избори во Бугарија не се добра одлука, изјави Асен Василев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Румен Радев му го врачи на ГЕРБ-СДС мандатот за формирање влада

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

(ВИДЕО) Андреј Ковачев: Ќе зборуваме за ново вето откако ќе го чујам објаснувањето на Скопје

A1on

Избори во Бугарија: Борисов со два проценти предност пред Петков, шест партии влегуваат во Парламентот

Катерина Ѓуровски

На бугарските избори гласале 453 лица од Македонија