Румен Радев му го врачи на ГЕРБ-СДС мандатот за формирање влада

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот на Росен Желјазков за да состави влада. Според Уставот на Република Бугарија, Радев додели мандат за формирање влада на најголемата пратеничка група – ГЕРБ-СДС.

Кандидат за премиер е Желјазков кој претстави предлог-кабинетот во кој ќе има 19 министри.

„Ова е голема одговорност и тест“, изјави претседателот Румен Радев при врачувањето на мандатот.

Претседателот Радев укажа на фрагментираниот парламент, како и на неподготвеноста на мнозинството бугарски граѓани да учествуваат на изборите, што неминовно влијае на легитимитетот на институциите.

Росен Желјазков го прочита составот на предлог-кабинетот. Тој потоа побара од шефот на државата да донесе указ и да го претстави кабинетот на Националното собрание.

Би можело да ве интересира

Радев за средбата со Сиљановска-Давкова: Посетата не беше ниту државна, ниту работна

СДСМ: Силјановска и министрите сами ги објавија сликите со бугарските знамиња

Катерина Ѓуровски

Радев: Софија очекува искажаната желба за дијалог и разбирање од претседателката Сиљановска Давкова да стане конзистентна политика на Владата во Скопје

Започна средбата меѓу Радев и Сиљановска Давкова

Радев: Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Македонија

Радев одби Стојанов да биде нов бугарски министер за внатрешни работи