Аселборн: Тие што сонуваат за „Голема Албанија“, треба да заборават на тоа

Од:

Жан Аселборн, министерот за надворешни и европски работи на Луксембург, кој наскоро ќе го преземе претседателството со ЕУ, изјави денеска дека тие што сонуваат за „Голема Албанија“ треба да го заборават тоа, јави Танјуг.

Аселборн нагласи дека последните настани покажуваат дека дијалогот меѓу Белград и Приштина моментално не е најважниот проблем на Балканот, односно дека ваквата ситуација во Македонија не смее да потрае.

– Треба под итно да се најде решение, во спротивно одиме право во криза, нагласи министерот.

Според Аселборн Србија целосно заслужила конечно да тргне во активен преговарачки процес.

– Србија со актуелната проевропска влада направи многу во добар правец. Сите се согласни дека во втората половина на годината треба да сториме се што е во наша моќ да отвориме едно или повеќе преговарачки поглавја. Тоа ќе биде многу важно, како за Србија, така и за ЕУ.

На прашањето дали тоа може да се случи во октомври или декември, Аселборн одговори дека тоа е помалку важно и во овој момент неизвесно.

– Во секој случај, очекуваме поглавјата да се отворат за време на претседавањето на Луксембург, нагласи Аселборн.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он