Аселборн: Можен домино ефект во Источна Европа ако има брегзит

Од:

Евентуално излегување на Велика Британија од ЕУ може да предизвика исти такви акции и во други држави членки во Источна Европа, предупредува министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн во интервју за Тагесшпигел ам зонтаг.

– Не може да се исклучи веројатноста од евентуален брегзит да предизвика домино ефект во Источна Европа. Историска грешка беше премиерот Дејвид Камерон дури и да помисли да свика референдум за британското членство во ЕУ, вели министерот.

Според него, дури и Британија да остане во ЕУ, „тоа нема да го реши проблемот со негативниот однос на Британците спрема Унијата“.

Во интервјуто тој додава дека понекогаш има чувство оти Камерон и шефот на владејачката Право и правда во Полска, Јарослав Качински имаат премолчен договор да се спротистават на европска интеграција.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија