Антивладини протести во Тирана

Од:

Неколку илјади симпатизери и приврзаници на албанската опозиција се собраа денеска на антивладини протести во Тирана, од кои се побарани оставки на албанскиот премиер Еди Рама и на министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај.

Демонстрантите, предводени од лидерот на најголемата опозициска сила во Албанија, Демократската партија, Љуљзим Баша, дефилираа по „Булеварот на мачениците“, скандирајќи „Рама оди си“.

Учесниците на протестите носеа транспаренти со антивладини пораки и знамиња на Албанија и ЕУ, а додека минуваа пред Владата и Министерството за внатрешни работи, дел од демонстрантите маваа со камења и други предмети кон зградите.

Опозицијата го обвинува премиерот Рама за поврзаност со организираниот криминал, а министерот Џафај дека ги прикривал криминалните активности на неговиот брат Агрон, кој во Италија уште во 2002 година е осуден за шверц на дрога. По притисокот од јавност, минатата недела Агрон Џафај замина во Италија, каде им се предаде на властите за да ја отслужи казната.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент