Анкета: Турската владејачка партија го губи мнозинството во Парламентот

Од:

Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) на изборите на 7 јуни ќе го загуби парламентарното мнозинство и можеби ќе мора да формира коалициска влада, покажуваат резултатите од анкетата која денеска ја објави агенцијата СОНАР.

Според истражувањето, АКП би освоила 41 отсто од гласовите, најголемата опозициска Републиканска народна партија 26 проценти, националистичката МХП 18,1 отсто, додека прокурдската ХДП со 10,4 проценти од гласовите едвај би го поминала цензусот.

Претходните анкети, кои ги спровеле други агенции, покажувале дека АКП би добила меѓу 45 и 47 отсто од поддршката на граѓаните.

Ваквата поддршка на владејачката партија значи дека ќе биде многу тешко да се спроведат уставните промени кои ги бара турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, а тоа се поголеми извршни овластувања.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски