Анастасиадис: Подготвени сме за нови односи со Турција

Од:

Подготвени сме за нови односи со Турција во следниот период, изјави новиот кипарски претседател Никос Анастасиадис, додавајќи дека го поддржува членството на Анкара во ЕУ.

Ветувајќи дека ќе ги застапува интересите на сите кипарски граѓани, Анастасиадис  се обрати и кон кипарските Турци, нагласувајќи дека ја презема одговорноста за гарантирање на нивните права и има за цел во најкус рок да се постигне решение за кипарскиот проблем.

Осврнувајќи се на односите на Кипар со ЕУ, Анастасиадис изјави дека од Унијата очекува праведен, а не посебен однос.

– Очекуваме солидарност од нашите европски партнери и што е можно побрзо ќе преговараме за склучување договор за кредит, нагласи кипарскиот претседател, кој вчера официјално стапи на должноста.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар