Анастасиадис: Еврогрупата со Кипар прави експеримент

Од:

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис ја критикуваше позицијата на партнерите од еврозоната, обвинувајќи ги дека кон Кипар поставуваат „барања без преседан“, што фактички земјата ја претвораат во опитно зајаче, со кое си прават експерименти, пренесоа руските медиуми.

Оваа изјава се појавува само еден ден откако во Кипар се обнови работата на банкарскиот систем, блокиран уште од 16 март, по одлуката наметната од Еврогрупата за воведување на данок врз депозитите во сите банки во земјата.

Планот за принудно привлекување на вложувачите во финансирање на програмата за спас, меѓутоа, беше отфрлен од парламентот.

На 25 март кипарските власти се спогодија со кредиторите за антикризна програма, која предвидува преструктурирање на Банката на Кипар, најголемата банка на островот, и ликвидирање на втората по големина банка – Кипарската народна банка.

Банката на Кипар ќе се рекапитализира и ќе го преземе долгот на Кипарската народна банка пред Европската Централна банка во висина од девет милијарди евра, што по одлука на кредиторите ќе биде направено за сметка на акционерите и имателите на обврзници и големи депозити.

Ваквата антикризна програма засега не е испробувана во ниту една европска земја.

Кипар „издржа“ на опасноста од банкрот, изјави претседателот Анастасиадис и Кипарците и богатите странски вложувачи ги увери дека ограничувањата врз банкарските операции, наметнати оваа недела, постепено ќе бидат повлекувани, без да се поставуваат рокови, дополнуваат агенциите.

Тој ги нападна банкарските власти во Кипар и во Европа за префрлањето пари во Кипарската банка, која ќе биде затворена согласно спасувачката спогодба.

-Колку се сериозни овие власти кога дозволиле финансирање на банкротирана банка со можно најголема сума, запраша Анастасиадис во говор пред државните службеници во Никозија. „Не сакам повеќе да зборувам, сега не е време да зборувам кој има поголема или помалка вина“, дополни тој.

Претседателот на Кипар, сепак, изјави дека „ние немаме намера да го напуштиме еврото. На никаков начин нема да правиме експерименти со иднината на нашата земја“.

Анастасиадис, кој функцијата ја презеде пред еден месец, изјави дека непосредната опасност од национален банкрот е избегната и дека „ситуацијата, и покрај цалата своја трагичност, е надмината“.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар