Анадолија од септември ќе емитува вести и на курдски јазик

Од:

Турската државна новинска агенција Анадолија, која денеска ја одбележува 93-та годишнина од формирањето, од септември ќе почне да емитува и сервиси на курдски јазик, објави весникот „Хуриет“.

Весникот пренесува изјава на директорот на Андолија, Кемал Јозтурк, кој вели дека медиумот планира до 2020 година да стане една од водечките светски новински агенции.

– Наша прва цел со емитувањето сервиси на курдски јазик ќе бидат медиумите во Северен Ирак. Во тој регион има околу 30 медиуми кои емитуваат информации поврзани со Турција преземени од агенцијата Фарат, наведува Јозтурк.

Агенцијата Фарат, која емитува вести на курдски јазик, важи за медиум близок до бунтовничката Курдска работничка партија (ПКК).

– Имајќи го предвид процесот за мирно решавање на курдското прашање, сервисите на курдски јазик на Анадолија ќе бидат од исклучително значење, потенцира Јозтурк.

Анадолија сега емитува сервиси на турски, англиски, арапски, босански и руски јазик.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски