Американски професор тврди: Србија ќе го признае Косово во замена за членство во ЕУ

Од:

Србија на крајот ќе ги признае независноста и суверенитетот на Косово, а еден од клучните елементи на тој потфат ќе биде нејзината интеграција во Европската унија, изјави за Радио Слободна Европа Чарлс Капчан, член на Американскиот совет за надворешни работи и професор на Универзитетот Џорџтаун.

„Сепак, останува да се види како и кога ќе се постигне таа цел. Во моментов сме во опасна и загрижувачка ситуација, бидејќи веќе видовме назадување во Босна и Херцеговина, во односите меѓу Србија и Косово, како и сега во Црна Гора по падот на владата. Но, мислам дека тоа е од привремен карактер, земајќи ја предвид географската близина на Западен Балкан до Европската Унија, што земјите од регионот се опкружени со членки на европскиот блок и НАТО“, посочува Капчан.

Имајќи го предвид расположението на јавноста, која е против влез на Србија во ЕУ доколку услов за тоа е признавањето на Косово, се поставува прашањето дали може да се случи на крајот да се откаже од евроинтеграциите.

„Мислам дека има мала можност за тоа. Вучиќ покажа дека е умешен за балансирање и седење на две столчиња. Сепак, не верувам дека Србија долгорочно би сакала да биде во стратешка неизвесност или во сојуз со Кина и Русија, кога остатокот од регионот е насочен кон евроатлантските интеграции“, смета Капчан.

За писмото на францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц до лидерите на Србија и Косово, во кое се нагласува дека целосната нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е од суштинско значење за Западен Балкан вели дека доаѓа во вистинско време и ја носи вистинската порака.

„Зголемените тензии меѓу Србија и Косово – и општо во целиот регион бараат поголем европски и трансатлантски ангажман. И Макрон и Шолц навистина се во право дека она што е потребно е „целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија“. Веќе помина времето Белград и Приштина да донесат тешки одлуки и да постигнат компромиси неопходни за постигнување на таа цел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции