Американската амбасадорка Ким: Цел свет гледа во Албанија, да ја сочуваме смиреноста

Од:

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, упати апел до политичките партии да не брзаат со прогласување победа, пред Централната изборна комисија (ЦИК) да ги соопшти официјалните резултати од вчерашните парламентарни избори.

– Она што е важно е да се има рационален и транспарентен процес во решавањето на ова прашање. Да подвлечам дека очите на целиот свет се вперени кон Албанија. Добра работа е што гледаме дека пребројувачите работат напорно. Гласачите ја завршија својата работа. Властите си ја вршат својата работа. Вашите северни пријатели, вашите западни пријатели, но исто така и вашите пријатели во САД сите бараат да ве направат успешни, рече Ким.

Таа додаде дека должност на кандидатите е да останат смирени и трпеливи и да го чекаат резултатот.

-Знам дека во моментниот ентузијазам, некои прогласија победа, но се уште не сме стигнале таму се додека не излезе официјалниот резултат. Да останеме смириме, порача амбасадорката.

Претходно идентична порака упати и шефот на делегацијата на ЕУ во Албанија, Луиџи Сореца, повикувајќи ги политичките партии да не избрзуваат и резултатите да ги чекаат смирено.

-Додека не се изброи последниот глас, не треба да доаѓаме до заклучоци.Затоа треба да останеме смирени, рече тој, во апелот кој јасно има за цел да избегне тензии во овие моменти кога се очекуваат резултати од преостанатите избирачки места.вт/сд/

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он