Америка ја поддржува пресудата против Додик

Од:

Стејт департментот на Соединетите Американски Држави (САД) издаде соопштение по пресудата на Судот на Босна и Херцеговина донесена вчера против претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик.

„Ја признаваме пресудата на Судот на Босна и Херцеговина против претседателот на Република Српска, Милорад Додик“, изјави портпаролката на Стејт департментот Тами Брус.

Судот на Босна и Херцеговина во средата донесе пресуда со која Милорад Додик го осуди на една година затвор и шестгодишна забрана да ја извршува функцијата претседател на Република Српска, поради непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ.

„Ние силно се спротивставуваме на какви било активности на локалните водачи кои би можеле да ја поткопаат безбедноста и стабилноста. Го поддржуваме Дејтонскиот договор и суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ“, рече Брус.

Додик не присуствуваше на пресудата. Наместо тоа, тој се обрати на митингот на неговите поддржувачи во Бања Лука, навредувајќи го судството во БиХ, високиот претставник Кристијан Шмит, како и германските и американските власти.

Тој најави дека РС ќе донесе закони за забрана на судските и безбедносните институции на БиХ на територијата на РС.

Би можело да ве интересира

Маск открива: САД ќе банкротираат

Џулијани: Некој од Германија да му кажува на претседателот на РС што да прави е смешно

Пленковиќ: Пресудата против Додик не е правосилна, треба да се „спушти“ топката

Орбан: Политичкиот лов на вештерки против претседателот Милорад Додик

Москва: Пресудата против Додик ќе има катастрофални последици за ситуацијата во Босна и Херцеговина и целиот регион

Вучиќ по средбата со Додик: Србија ќе даде се од себе да помогне да се зачува мирот

Горан Наумовски