Амбасадорот на ЕУ во Албанија Луиџи Сореца позитивен на коронавирус

Од:

Амбасадорот на Европската унија во Тирана, Луиџи Сореца е позитивен на коронавирусот, соопшти лично тој преку статус на социјалните мрежи, наведувајќи дека е во „добра здравствена состојба заедно со другите членови од семејството“ и упатува апел до сите да ги почитуваат мерки за заштита од опасниот вирус.

-По направениот тест добив позитивен резултат, дека сум заразен со Ковид-19 иако строго се придржував на мерките за заштита. Добар сум со здравјето, како и моето семејство. Јас сум во самоизолација во мојот дом од каде ќе продолжат со редовната работа. Грижете се за вашето здравје и почитувајте ги мерките, напиша Сореца.

Ова е прв случај на заразен од вирусот на висок странски дипломат во Тирана.

Од друга страна заразени со Ковид-19 има меѓу членовите на дипломатските претставништва, како што тоа беше и претставникот на руската амбасада Алексеј Кривошеев, кого албанските власти го протераа минатата недела поради „непочитување на анти-ковид мерките“.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици