Амбасадата на САД му се закани на Додик

Од:

„Секој обид да се загрози територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина ќе има сериозни последици“, е пораката што ја објави американската амбасада во Сараево како одговор на повторените закани на лидерот на босанските Срби Милорад Додик дека Република Српска ќе се отцепи од држава во која е дел.

„Секое дејство што би било преземено во насока на распуштање на Босна и Херцеговина би било кршење на Дејтон и би имало сериозни последици“, се вели во објавата на американската амбасада на Твитер.

Се наведува и дека САД се цврсто решени да ја поддржат БиХ како демократска, мултиетничка, суверена и независна држава со несомнен територијален интегритет, потсетувајќи дека ниту Дејтонскиот договор ниту уставот на БиХ не им даваат право на нејзините ентитети да се отцепат.

Реакцијата на американската амбасада дојде откако Додик на големиот собир на неговите приврзаници, одржан во вторникот во Бања Лука, повторно се закани со отцепување на РС доколку не се вратат сите овластувања кои беа префрлени на државно ниво во изминатите години.

„Ќе одиме безбедно, но еден ден ќе заземеме 49 проценти територија на Босна и Херцеговина. А кога ќе земеме… Верувам во идеалот за независна Република Српска“, рече тогаш Додик.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На плоштадот Краина во Бања Лука се одржува голем народен митинг „Србија те вика“

Додик: Ми се закануваат со апсење

Горан Наумовски

Вулин: Во тек е заговор против Србите, сакаат да го уапсат Додик

Предраг Петровиќ

Додик: Ако Трамп победи на изборите, Република Српска би можела да прогласи независност

Катерина Ѓуровски

Додик: Путин го брани суверенитетот на својот народ

Додик го слушна обвинението: Измислица на обвинителството за политички притисок, фактите немаат врска со мене

А1он