Александар Сорос: Европа треба да се соочи со својата албанофобија

Од:

Постојат прикриени предрасуди и нетрпеливост кон етничките Албанци во Западна Европа, што не може да се потценат при одбивањето на Албанија и Северна Македонија од Советот, објави Александар Сорос на Твитер.

Изјавата на Александар Сорос, син на познатиот филантроп, основач на Фондацијата отворено општество Џорџ Сорос, уследи по негативната одлука на Европскиот совет за отпочнување преговори на двете земји со Европска Унија.

– Европа треба да се соочи со својата албанофобија!, додаде Сорос.

Тој на неговиот статус ја постави и реакцијата на комесарот Јоханес Хан кој пишува: „И само да биде јасно: Одговорноста за овој неуспех не е на две земји, многумина со право се надеваа на позитивна одлука. ЕУ е таа која потфрли поради внатрешните проблеми. Ова го поткопува кредибилитетот на ЕУ“.

Реакцијата на младиот Сорос, кој не ретко ја посетува Албанија и постира фотографии со премиерот Еди Рама, ја пренесува тиранската телевизија Топ канал,додавајќи дека колебливоста на Европската унија да започне разговори за членство со Албанија и Северна Македонија била критикувана од многу истакнати европски личности.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески