Албанското раководство задоволно од посетата на папата на Тирана

Од:

Албанците покажаа дека заслужуваат кон нив да се приоѓа на сосема друг начин, а не со резервираност која ја покажуваат скептиците во Европа, изјави албанскиот премиер Еди Рама по заминувањето на папата Франциско од Тирана.

Поглаварот на Римокатоличката црква во неделата беше во 11-часовна посета на Тирана, за време на која беше истакната позицијата на политичкото и верско раководство во земјата, истакнувајќи дека взаемното почитување и доверба меѓу католиците, православните имуслиманите претставува огромно богатство за земјата.

– Албанија е европска, а не муслиманска земја, во која живеат хармонично христијани и муслимани и поради тоа таа претставува пример за многу држави, изјавил папата Франциско за време на својата посета.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски