Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

Од:

Албанските власти денеска го екстрадираа за Австрија македонскиот државјанин Монди Гитлан осуден на пет години затвор за трговија со дрога.

– Како резултат на координацијата на оперативните дејствија меѓу специјалистите од Дирекцијата на Интерпол Тирана и нивните колеги во Австрија, финализирана е постапката за екстрадиција од Албанија во Австрија лицето Монди Гитлан, 29 години, жител на село Велешта, Струга, Северна Македонија, објавија медиумите.

Тој бил баран со меѓународна потерница бидејќи судот во Виена во мај годинава го осудил на пет години затвор за трговија со дрога.

Дваесет и деветгодишниот Гитлан беше уапсен во почетокот на минатиот месец на граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница при излез од Албанија.

Би можело да ве интересира

Стоп за ризична пратка: АХВ не дозволи влез на јагнешка кожа од Албанија

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

(ВИДЕО) Протест во Албанија: Фрлени молотови коктели врз владата

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он