Албанските владејачки социјалисти против одржување на предвремени избори

Од:

Владеачките албански социјалисти сметаат дека на земјата не и се потребни предвремени парламентарни избори.

Независно од создадената ситуација во земјата, преполна со обвинувања против Владата за вмешаност во криминал, обвинувањата за министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај и неговиот претходник Саимир Тахири, а пропратена и со речиси секојдневни антивладини протести, министерот за Европа и за надворешни работи, Дитмир Бушати, посочува два момента кога, според него би можело да се одржат на предвремени избори.

– Предвремени избори може да има во два случаи: ако мнозинството го загуби бројот на пратеници во Парламентот или ако мнозинството сака да ја потврди својата популарност во јавноста. Ништо не можам да зборувам за импликациите на двајцата министри и треба да бидам внимателен во овој процес. До денеска, не сум видел никакви документи дека овие луѓе се вмешани во нешто незаконско, изјави за албанската радио телевизија, Бушати.

Според Бушати, Тахири не заминал од министерското место поради обвиненија,туку заминал три месеци пред ланските јунски избори, заедно со тројца други министери поради партиски изборни активности. Обвинувањата за него, додава Бушати, почнаа кога стана пратеник, но за перидот кога беше министер.

– Во вториот случај, за министерот Џафај, станува збор за обвинувања на неговиот брат, вели Бушати и посочува дека целосно му верува на министерот Џафај.

Министерот за Европа и за надворешни работи меѓутоа наведе дека „обвинувањата од опозицијата треба да се верифицираат од институциите“.

-Сега политичките ставови се политички ставови кои се дијаметрално различни. Кога зборуваме за импликации, треба да имаме во предвид дека овие наоди треба да се проверат од страна на државните институции. Она што е објавено од Демократската партија, значи аудио материјалот е во рацете на обвинителството. ДП тврди дека станува збор за нелегални активности, додека министерот Џафај вели дека се соочуваме со измислени сценарија, вели министерот Бушати.

Нагласува дека како политичар и член на владиниот кабинет и поради информациите со кои располага верува во верзијата на министерот Џафај.

-Но, нема тежина тоа во што јас или членовите на Демократската партија веруваат, треба да зборуваат институциите, заклучува Бушати.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент