Албанските емигранти во ЕУ лани во Албанија испратиле рекордни милијарда евра

Од:

Личните трансфери што жителите на земјите од Европската унија ги испратиле во Албанија во 2020 година забележале рекорд од 1,03 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Евростат.

Иако беше пандемија, со значителни ограничувања за патување, во 2020 година, беше забележано највисокото ниво на овие трансфери во Албанија, од 2013 година, од кога Еуростат ги објавува податоците за нашата земја. Според претставниците на албанскиот пазар, оваа тенденција е поврзана и со фактот дека поради физичките ограничувања за патување, многумина биле принудени да користат формални канали за да испраќаат пари до своите роднини, за разлика од другите години, кога дел од парите ги испраќаа по познати лица или роднини, наведуваат албанските медиуми.

Друг фактор што се поврзува со ова е што емигрантите им праќале средства на родители или други роднини за да ги покријат трошоците за лекување од Ковид-19.

Во однос на 2013 година, личните трансфери се зголемени за 33 отсто.

Зголемувањето на личните трансфери на Албанците кои живеат во ЕУ се совпаѓа со значителното зголемување на бројот на лица кои добиле дозволи за престој во ЕУ во последните години и со новиот имиграциски циклус во последната деценија.

Според Евростат, од 2008 до 2020 година околу 700 илјади албански државјани добиле дозвола за престој во една од земјите на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски