Албанскиот шеф на дипломатијата Цакај побарал Србија и БиХ да го признаат Косово

Од:

Овластениот албански министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, на денешниот виртуелен состанок со колегите, во рамки на Берлинскиот процес,побарал од министрите за надворешни работи на Србија и на Босна и Херцеговина да го признаат Косово.

Оценува дека не може да има стабилна и долгорочна регионална соработка без инклузивен пристап, еднаков третман и заемно признавање.

-Во оваа смисла, признавањето на Косово е многу важен чекор, не само во процесот на економски развој и меѓуетничкото помирување во западен Балкан, туку и во зголемувањето на вкупниот регионален капацитет за побрзо членство во Европската унија, напиша Цакај на Фејсбук.

Исто така, тој повикал за што побрза визна либерализација за косовските граѓани, имајќи го „во предвид исполнувањето на сите потребни технички услови“.

-Секое одложување на овој процес ќе биде на штета на довербата на одлучувачките способности на Европската унија во западен Балкан, констатира Цакај, кој по потекло е од Косово.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени