ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

Од:

Политичарите од редовите на албанската опозиција запалија куп дрвени столчиња пред Собранието во знак на протест против изрекувањето на казната затвор на нивниот колега.

Тие во понеделникот на почетокот на редовната седница на парламентот ги извадија столчињата од салата и ги запалија на скалите на собраниската зграда, пренесе Ројтерс.

Обезбедувањето брзо го изгасна пожарот.

Апелациониот суд на Албанија во петокот ја потврди пресудата со која членот на опозициската Демократска партија, Ервин Салијани е осуден на една година затвор.

Понискиот суд претходно го прогласи за виновен за поднесување „лажна пријава“ против поранешниот министер за внатрешни работи, додека Салијани се изјасни за невин и рече дека судењето е политички мотивирано.

Претходно овој месец, лидерот на Демократската партија Сали Бериша, кој е во домашен притвор од декември минатата година, беше обвинет за корупција за активности од времето кога беше премиер, што тој го негираше.

Опозициската Демократска партија повика на голем протест во главниот град Тирана на 7 октомври.

Би можело да ве интересира

Мајка и ќерка пронајдени мртви во нивниот дом во тетовско Слатино

ВИДЕО: Инцидент во Шангај – Димитров нападна навивач

Момчето убиец ја обвини мајка си за масакрот: „Таа ме тераше да бидам најдобар, се лутеше кога не бев“

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Мајка херој: Лејла ја спаси ќерка си (13) од поплавата, цел регион и се восхитува

Предраг Петровиќ

Исповед на млад човек кој меѓу првите пристигнал во Долна Јабланица: Се уште има тела во куќите

Предраг Петровиќ