Албанскиот принц Лека Втори до гуша во долгови

Од:

Велелепната вила на албансккиот крал Ахмет Зогу издигната на едно од ритчињата кај пристанишниот град Драч, дадена е на продажбa. Тоа поради фактот што кралскиот внук Лека Зогу Втори потонал во долгови, поради неплаќање на банкарски кредит, јавува дописникот на МИА од Тирана.

– Се чини дека финансиската ситуација на наследникот на кралот Зогу не е ни малку поволна. Ова поради фактот што Лека Зогу Втори подолг период не го платил банкарскиот кредит во износ од 518 илјади евра добиен во 2009 година. Сега повеќе од сигурно е дека тој ќе изгуби имот со огромна матријална и историска вредност, што му го оставил дедо му во наследство, пишуваат албанските медиуми.

Весникот„Шќиптарја“ уште додава дека вилата е веќе е дадена на лицитација од страна на здружението на извршители.

Ахмед Зогу е роден во 1895 година, а крал на Албанија, како Зогу Први, бил прогласен во 1928 година и останал на тронот 11 години, односно до 1939 година, кога по навлегувањето на италијанскиот окупатор ја напуштил земјата заедно со сопругата Гералдина и деветмесечниот син Лека Први.

Инаку, Лека Зогу Први, неговата мајка, сопругата и синот, се вратија од Јоханесбург во Тирана во 2002 година. Албанскиот престолонаследник Лека Зогу почина на крајот од ноемри 2011година. Кралското семејство, по враќањето во татковината, го доби назад поголемиот дел од одземениот кралски имот, меѓу нив и вилата во Драч.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент