Албанскиот претседател Мета: Уставните измени се нелегитимни и неприфатливи

Од:

Денешниот чин на еднострано и итно, неоправдано менување на Уставот на Албанија во Собранието со ограничен легитимитет, е неуставен и неприфатлив, оцени албанскиот претседател Илир Мета, откако Парламентот ги изгласа уставните измени со кои се укинуваат изборните коалиции.

Мета додаде дека „насилните измени на Уставот“ ги уништиле консензуалните договори од 14 јануари 14 и 5 јуни, кои „овозможија сеопфатен процес и производ, уништвајќи ја довербата меѓу страните, социјалниот мир во земјата и процесот на евроинтеграции на Албанија.“

-Опортунистичката реторика и лицемерието на некои од странците се против аспирацииите и стратешкиот проект на Албанците за градење европска иднина. Ниту една заложничка банда нема да може да избега од заслужениот одговор што ќе го добијат од обединетите граѓани против овој државен удар,напиша Мета на фејсбук.

Додава дека претседателот на Републиката како и секогаш ќе биде на чело на функцијата во одбрана на Уставот и војата на граѓаните да ја преземат судбината во свои раце.

-Еди Рама денеска го повика албанскиот народ на историско соочување. Денес се гордее дека е син на комуњар кој среде Кукс обеси поети за слободниот збор. Ние Албанците ќе одговориме со албанштина до крај,порача Мета.

Шефот на државата вчера попладне подвлекувајќи го значењето на политичкиот дијалог, ги повика партиите да го зачуваат духот на резултатите од договорот за изборните реформи од 5 јуни „што е многу важно за започнување на преговорите со ЕУ“.

-Твроглавоста во инсистирањето до датумот 30 јули, кој е поставен без да има конкретна цел, не е во интерес на Албанија, туку и штети на нејзината стабилност и европскиот пат,напиша Мета на Фејсбук.

Покрај Мета и странскте дипломати во Тирана и високи функцонери на ЕУ побараа од премиерот Еди Рама да не се донесуваат уставните измени без вонпарламентарната опозиција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени, порача Мицкоски од Вашингтон

Катерина Ѓуровски

Имаме достоинствено решение на маса, а тоа се уставни измени се одложено дејство, истакна Мицкоски

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Муцунски: Одбележуваме неславен јубулеј, 20 години од кандидатскиот статус и серија направени отстапки

Катерина Ѓуровски

Касами: Владината коалиција работи на забрзување на процесот на евроинтеграции