Албанскиот премиер Рама по посета на ОАЕ

Од:

Во пресрет на Меѓународната донаторка конфренција, за обнова на Албанија по разорниот земјотрес што ја погоди земјата утрото на 26 ноември минатата годна, албанскиот премиер Еди Рама престојува во посета на Обеднетите арапски емирати.

Во објава на Фејсбук, Рама напиша дека остварил средба со принцот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан и постира видео од средбата.

„Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати – со принцот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан. Средба е реализирана специјално во функција на Меѓународната донаторска конференција во Брисел,напиша Рама.

Во разорниот земјотрес животот го загубија 51 лице, повеќе од 1.000 беа повредени, а материјална штета беше голема.

Според деновиве презентираниот извештај, 90 домашни и странски експерти процениле дека предизвиканата штета изнесува 985.074.906 евра.

Не можејќи сама да се справи со последиците од земјотресот, на 17 овој месец во Брисел,ќе се одржи Меѓународна донаторска конференција за обнова на Албанија.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици