Албански пилот управувал со хеликиптерот полн со хашиш

Од:

Со хеликоптерот преполн со хашиш кој е соборен вчера на југот на Шпанија управувал албанскиот пилот Сокол Фека, соопштено е во Тирана.

Министерството за одбрана соопшти дека ја добил информацијата од албанското МНР за тоа што се случило во Шпанија.

Во соопштението на албанското Министерство за одбрана се наведува дека Фека е во служба на албанската војска веќе 18 години и дека во 2009 се стекнал со чин мајор.

Хеликоптерот вчера во јужната шпанска провинција Малага, во близина на градот Кортес де ла Фронтера, го соборија припадници на шпанската полиција, сомневајќи се дека превезува дрога.

– Се уште се обидуваме да утврдиме колку хашиш имало во хеликоптерот, рече вчера портпаролот на шпанската полиција, но локалниот весник „Малага ој“ објави дека хеликоптерот превезувал меѓу 800 и 900 килограми дрога и оти бил обоен во црно, за да биде што помалку видлив ноќе.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент