Албански граѓанин покренал обвинение против сите посткомунистички премиери во земјата

Од:

Во Албанија е покренато обвинение кое се оценува како раритет. Албански граѓанин ги тужи сите осум посткомунистички премиери: Сали Бериша, Фатос Нано, Александар Мекси, Башким Фино, Пандели Мајко, Или Буфи, Илир Мета и актуелниот Еди Рама.

– Обвинението е поднесено од Никол Пренга, жител на Драч, и со него тој ги обвинува сите премиери, кои на оваа функција биле по 1990 година, за тешката состојба во која била земјата во изминатите години, пренесува албанскиот печат.

Обвинението било поднесено во 2014 година во Државното обвинителство под чија надлежност е истрагата за високи функционери. Тоа, пак, обвинението го препратило до Овинителството во Драч, кое на 23 јули лани ја стопирало постапката прогласувајќи се за ненадлежно.

Но, со одлуката од јуни годинава на Врховниот суд, на Државното обвинителство му е „наредено“ да почне истрага врз основа на обвинението на Пренга против осуммината албански премиери.

Во вакви околности, се очекува Обвинителството да почне истрага за првите луѓе на албанските влади во период од 1990-2015 година, за начинот како тие владееле, бидејќи според Пренга тие се главните виновници за ситуацијата низ која минала Албанија по падот на комунизмот.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент