Албанската Влада го доби личниот авион на Ердоган

Од:

Турската Влада и го отстапи на албанската влада авионот што до пред една година го користел претседателот Реџеп Таип Ердоган.

– Турскиот владин авион „Ербас А319“ е предаден на албанската влада. Авиониот за кој станува збор сега се наоѓа во Виена и му е смената бојата од црвено-бела на турското знаме во црвено-црна боја од албанското знаме, пренесува Abcnews.al и објави фотографии од истиот.

Медиумот наведува дека со овој авион Ердоган повеќе од еден час летал околу Истанбул вечерта на 15 јули 2016 година, кога турските власти го спречија, како што го нарекуваат, обидот за обид за државен удар.

Истиот извор посочува дека ова е последниот „подарок“ од претседателот Ердоган за премиерот Еди Рама и додава дека односите меѓу Рама и Ердоган се доста блиски, дури „изгледа дека се зајакнуваат од ден на ден со договори меѓу двете влади“.

Оценува дека еден од најголемите проекти е оној на „Ер Албанија“, компанија, која, по многуте одложувања на стартот, успеа да полета три авиони.

-Засега нема податоци врз какви услови бил даден авионот и за што ќе се користи од албанската влада. Сепак факт е дека секогаш кога ќе добиеме такви „подароци“, Албанија е принудена да врати нешто,констатира abcnews.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Ердоган: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност