Албанската полиција заплени рекордни 23 тони марихуана

Од:

Во добро организирана полициска акција во подрачјето на албанскиот приморски град Валона, запленети се рекордни 23 тони мархуна, подготвена за транспорт.

– Акцијата е реализирана во селата Вежданишт и Треблов, каде во шест објекти се откриени 23 тони сува марихуана, подготвена за транспорт. Во рамките на оваа супер акција запленето е и оружје и муниција. Полицијата трага по полициски инпектор од секорот за економски криминал во Валона, пишува електронското издание на весникот „Шекули“, пренесува дописникот на МИА од Тирана.

Според истиот извор, инспекторот Ренато Авдули е дел од 40-члената група која одгледувала марихуана.

Во акцијата биле откриени и уништени и 15 илјади стебла марихуана, што значи дека уште толку марихуана, доколку истата била собрана.

Полициски извори наведуваат дека акцијата била иницирана од албанската тајна служба ШИШ и Обвинителството и била држена во голема тајност.

Освен полицајци од Полицискиот комесаријат Валона, во акцијата биле вклучени и многу полицајци од Тирана.

Идентична акција, во која се уништени над 10 илјади стебла марихуана е реалзирана и во областа Мат.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент