Албанската полиција уништи околу 33 илјади стебла марихуана

Од:

Во рамките на големата акција за уништување парцели засадени со марихуна, само во текот на вчерашниот ден албанската полиција уништила 32.676 стебла марихуана.

Уништените стебла марихуана биле засадени на 173 парцели на потегот Скадар-Дукаѓини, во подрачјето на областите на Пулт и Шош, планински тешко достапни терени. Стеблата биле со височина и од 220 сантиметри.

Во акцијата полицијата запленила и автоматска пушка, четири гранати, 700 куршуми, како и друго оружје. Истото било пронајдено во близина на местото од каде што беше пукано врз полициски хеликоптер за време на ланската акција, скриено во соѕидан ѕид во пештера,

Во акцијата беа вклучени 400 полицајци и припадници на специјалната единица „Ренеа“, распоредени во 35 групи, 60 возила и два хеликоптера.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент