Албанската полиција приведе 70 сириски имигранти

Од:

Зачестуваат обидите сириски државјани илегално да влезат во Албанија, преку Грција со цел патот да го продолжат кон западно европските земји, јави дописникот на МИА.

Во последната акција албанската полиција во близина на селото Глин, кај јужниот град Ѓирокастро, открила и привела 70 сириски имигранти кои илгеално влегле на албанска територија.

Меѓу емигрантите имало и повеќе жени и деца. Дел од имигрантите поради долгиот и напорен пат и временските услови имале здравствени проблеми.

– Полицијата ги контролира нивните документи за да утврди дали меѓу нив има ексртемистички елементи, а врз сите нив ќе биде извршен комплетен медицински преглед за да утврди некој од нив да не е носител на висусот на ебола, стои во полициското соопштение.

Според полициската статистика само во текот на овој месец приведени се повеќе од 200, главно сириски и помал број пакистански државјани.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент