Албанската полиција приведе 33 сириски емигранти

Од:

Албанската полиција, во селото Глин , кај јужниот град Ѓирокастро, вчера попладне открила група од 33 сириски емигранти,кои илегално ја минале грчко-албанската граница.

Намерата на емигрантите била само транзит да минат низ Албанија а потоа патот да го продожат до некоја западно европска земја.

Ова не е прв случај на откриени поголеми групи на емигранти од азиски и африкански земји,  главно државјани на Сирија и Еритреа.

Деновиве кај селото Луков, во близина на Саранда беа откриени 35 емигранти од Сирија и Пакистан. Според албанската полиција тие биле откриени во комби возило во кое биле и двајца албански државјани кои се дел од групите за трговија на луѓе. И оваа група илегално влегла од Грција.

Во Албанија,  особено преку Грција, влегуваат голем број на имигранти кои потоа сакаат да го продолжат патот кон земјите на ЕУ преку Италија, но и преку Црна Гора . Само за транзитот низ Албанија им наплатуваат од илјада до 1.500 евра.

Полициската статстика потврдува дека во изминатите девет месеци од годинава откриени се на илјада и петстотини имигранти, додека во текот на минатата година над три илјади од Сирија, Еритреја, Мароко, Пакистан…

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент