Албанската опозиција бара одложување на парламентарните избори

Од:

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, денеска изјави дека опозицијата бара да се одложат парламентарните избори во земјата, закажани за 18 јуни, јави БТА.

-Во земјата нема услови за чесни избори, бидејќи криминалната и корумпирана Влада на Еди Рама ги манипулира – изјави Баша и додаде дека доколку не се формира техничка влада нема да има и избори.

Лидерот на демократите соопшти дека ќе продолжат протестите на опозицијата во Тирана, кои се собрани во шатори пред зградата на владата.

Коментирајќи ги барањата на опозицијата, премиерот Еди Рама изјави дека и покрај протестите избори на 18 јуни во Албанија, сепак, ќе има.

Коалицискиот партнер во владата на Рама, претседателот на Парламентот и лидер на Социјалистичкото движење за интеграција, Илир Мета, изјави дека не е добро избори да се оддржуваат без опозиција

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент