Албанија „заробена“ во снег и мраз

Од:

Теператури од минус 15 степени, снежна покривка и до два метра во руралните средини, блокирани патни правци, забрана за движење на тешки товарни возила на сите национални патишта, откажани летови од аеродромот во Тирана, забранет поморски сообраќај, повеќе област без струја, е кусиот биланс од состојбата во Албанија по обилните снежни врнежи и ниските температури.

Сите надлежни служби, како што информираат од Владата, од синоќа се во целосна готовност за ублажување на состојбата, посебно во расчистување на патиштата и санирање на дефектите во електромрежата.

За санирање на дефектите, како што соопшти албанската Електродистрибуција на терен се 2.000 вработени кои работат на далноводи, столбови и електрични кабини. Посебно се ангажирани за нормалното напојување со електрична енергија на здратсвените установи.

Максимална ангажраност побара и шефот на државата, Илир Мета.

– Апелирам на максимална ангажираност на сите одговорни фунционери, чија задача е цивилната заштита, во исполнување на државната должност со тоа што ќе им помогнат на сите граѓани на кои им е потребна помош, апелираше Мета.

Од сообраќајната полиција апелираат до граѓаните да не патуваат без неопходна потреба, а доколку се принудени да бидат внимателни и да се придржуваат на условите на патот.

Утрово на автопатот Тирана-Драч жвотот го загуби 71-годишен пациент откако амбулантоното возило со кое бил транспортиран излетало од патот.

Би можело да ве интересира

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Интензивни врнежи од снег, отежнат е сообраќајот низ цела Босна

Предраг Петровиќ

Врне снег на Попова Шапка и на превојот Буково

Во Берово најстудено, најмногу снег на Попова Шапка

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија