Албанија: Владата бара вонредната состојба да продолжи до 23 јуни

Од:

Албанската Влада му достави на Парламентот предлог-одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата до 23 јуни, поради состојбата со Ковид-19.

Ова значи дека во сила и понатаму ќе бидат преземените мерки за спречување на ширењето на опасниот коронавирус.

Владата прогласи вонредна состојба поради „природна катастрофа“ на целата територија на земјата, прогласи на 24 март и тоа  за период од 30 дена, што значи до 25 април.

Како што стои во Предлог-одлуката Владата ја донесла истата по предлог на министерката за здравство и социјална заштита и државниот министер за обнова,поради пандемијата од „Ковид-19“.

Меѓуминистерскиот комитет за граѓански вонредни состојби и сите државни и јавни институции се должни доследно да ја спроведуваат оваа одлука,која стапува во сила  веднаш по изгласувањето од Парламентиот и објавувањето во Службен
весник.

Инаку, иако со бавно темпо, билансот на заразените од „Ковид-19“ во Албанија се зголемува. Денешните објавени податоци потврдуваат дека во последното деноноќие доијагностицирани се 25 нови случаи, или за три повеќе од вчера,со што вкупниот број на инфицирани се зголеми на 609 лица.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент