Албанија: Уништени околу две илјади садници марихуана

Од:

Албанската полицијата продолжува со уништување на површините засадени со марихуана, во чие лоцирање помагаат и хеликоптери на италијанската полиција.

Во рамките на акцијата за уништување на посевите со марихуна, кај северниот град Скадар уништени се околу две илјади садници.

 -Во селото Мазрек , во месноста викана Ридот на Свети Георгиј, општина Гури и Зи, откриени се 16 парцели со околу 1600 садници канабис сатива, додека во селото Дукаѓини во близина на реката Вјоса, во месноста „Калаја“ откриени се десет парцели со околу 420 садници, во висина од 20 сантимтери, -стои во полициското соопштение.

Според полицијата во двата случаи уништени се околу две илјади садници канабис сатива.Продолжуваат активностите за откирвање на сопствениците на парцелите.

Деновиве, исто така во северниот дел на Албанија, во подрачјето на Голема Малесија беа уништени приближно ист број садници марихуна.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент