Албанија подготвена да прифати мигранти од Блискиот Исток

Од:

Иако се споменува како една од земјите кои може да прифатат мигранти од блискоисточните земји, Албанија до сега нема добиено официјлано барање за тоа од Европската унија, изјави албанската заменик-министерка за внатрешни работи Ровена Вода.

Во изјава за тиранската телевизија Клан, Вода нагласи дека Албанија нема добиено никакво известување или барање од земјите од ЕУ, ниту пак од Европската комисија за отворање кампови за азиланти, но оти земјата располага со сите капацитети за прифаќање на илегалните мигранти кои доаѓаат од конфликтните региони.

– Доколку такво нешто биде побарано, албанската Влада ќе донесе таква одлука. Албанија располага со сите потребни капацитети за да ги прифати и третира овие мигранти, изјави Вода.

Таа додаде дека од почетокот на годинава албанската полиција пресретнала над 2.300 мигранти, главно од Сирија и Ирак, а во помал број и од Пакистан, Алжир, Јемен и Либија.

И покрај зајакнатите контгроли на албанската гранична полиција долж границата со Грција, се почести се обидите на мигранти за илегален влез на албанска територија, која ја користат како транзит кон Црна Гора, од каде потоа се упатуваат кон некоја од западноевропските земји.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент