Албанија нема да дозволи легализација на производството на марихуана

Од:

Албанскиот министер за внатрешни работи, Саимир Тахири, категорично го отфрли барањето за легализација на производството на марихуаната во Албанија и најави затвор за секој кој ќе се обиде да одгледува марихуана.

Во поздравниот збор на свеченоста по повод доделувањето диломи на Полициската академија, Тахири нагласи дека нема да се легализација прозиводството на марихуаната и оти секој страк од ова наркотично растение ќе биде уништен.

– Ова ќе биде година на консолидација на нашите резултати во борбата против организираниот криминал. Ние нема да дозволиме одгледување и ќе уништиме секој страк од ова наркотично растение на секоја педа од територијата на Албанија. Ниту една садница ниту над ниту под земја нема да се дозволи да го снабдува криминалниот пазар со дрога. Почна прибирањето на информации и набрзо полицијата ќе реализира широка акција, изјави Тахири.

Тој им порача на студентите дека не треба да се разочаруваат од изјави за легализација на марихуаната туку да се предводат единствено од законот.

Пред два дена познатиот албански бизнисмен и еден од највлијателните пратеници на владеачката Социјалистичка партија, Кочо Кокдима, се заложи за легализација на производството на марихуна во Албанија.

Кокдима кој е и сопственик на еден од најтиражните весници во Албанија „Шекули“ уште додаде дека веќе имал контакти со одредени американски компании, кои покажале заинтересираност за откуп на марихуаната.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент