Албанија ги набави првите тестови за мајмунски сипаници

Од:

Поради туристичката сезона, кога е зголемено движењето на граѓаните, а со тоа можноста да се пренесе зараза со мајмунски сипаници и во земјата, Албанија ги набави првите тестови за оваа болест.

Според Институтот за јавно здравје, ако сè уште нема потврден случај на мајмунска сипаница, обезбедени се првите 250 тестови, со кои ќе се дијагностицира сипаница во лабораторијата на Институтот.

– Во оваа лабораторија ќе можеме да ги тестираме сомнителните случаи и нивните контакти, без да ги испраќаме во референтните лаборатории, изјави министерка за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу, .

Албанија и понатаму е земја со низок ризик за појава на зараза со мајмунски сипаници, велат експертите од Институтот за јавно здравје, додека европските земји се во состојба на готовност бидејќи се пријавени повеќе од 1.700 случаи.

Манастирлиу најави дека во септември се очекува да пристигне апарат за лабораторијата на Институтот за јавно здравје, кој ќе овозможи секвенционирање на генот на вирусот, за да се утврди дали пациентот е зафатен од Делта или Омикрон, што никогаш не било направено во лабораторијата на Институтот.

Во меѓувреме во земјата расте бројот на нови случаи со Ковид-19, што во просек дневно е од 25 до 30 отсто од тестираните, поради тоа, се апелира до граѓаните да се вакцинираат. Се дава можност за имунизација на лица над 12-годишна возрст.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици