Албанија: Баша предупреди на одлагање на изборите, Кукан повикува на разговори во инситуциите

Од:

Лидерот на најголемата опозициска сила во Албанија, Демократската партија, Љуљзим Баша, предупреди на можноста од одлагање на парламентарните избори, закажани за 18 јуни годинава.

– Не е незамисливо заради доброто на изборните стандарди,на слободните и фер избори,да се разгледа опцијата за одлагање на изборите. За нас нема значење кога ќе се одржат изборите,од значење е какви избори ќе се одржат. Изборите треба да бидат во согласност со европските стандарди,слободни и демократски,-изјави Баша.

Албанската опозиција протестира од 18 февруари, го бојкотира парламентот а најави и бојкот и на изборите,доколку не си замине актуелниот премиер Еди Рама и формирање технчка влада која ќе спроведе слободни и фер избори.

Европратенкот Едуард Кукан ја повика опозицијата да се врати во Парламентот бидејќи, според него тоа е единствен начин да се решат прашањата.

Политичките битки треба да се водат во инситуциите,изјавил Кукан, остро критикувајќи го ставот на ДП, кој „се заканува да го спречи почетокот на преговорите за прием на Албанија во ЕУ“.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент