Алармантна состојба во Грција, поради невремето утре затворени училиштата во Атина и Халкидики

Од:

Не постои сомнеж дека се соочуваме со опасна временска појава, рече министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Христос Стилијанидис во изјавата за невремето што ја зафати цела Грција, а предизвика поплави и сериозни проблеми во Атина, на Евија, на Крф и во други делови од земјата и додаде дека „пред нас имаме тешки два дена“, јави дописничката на МИА од Атина.

Стилијанидис соопшти дека сите училишта во областа Атика, поширокиот дел на Атина, на Евија и Халкидики, утре, превентивно ќе бидат затворени, а доколку е потребно, вечерва може да се донесе одлука и за други делови на земјата.

Рече дека противпожарната служба на Грција, само во областа Атика примила над 385 повици за помош и упати апел до граѓаните да избегнуваат непотребни движења, нешто што беше побарано и преку порака испратена од бројот 112 за итни случаи, за кој Стилијанидис истакна дека во вакви ситуации е сојузник за предупредување на луѓето.

-Безбедноста на граѓаните е нашата прва грижа. Заштитата на човечкиот живот е наш прв приоритет. Ова е заедничка цел, рече Стилијанидис.

Силниот и обилен дожд и новото невреме „Балос“, предизвикаа сериозни проблеми во Атина, поплавени училишта, булевари, факултети, затворени улици и сообраќаен хаос.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Бројот на жртвите од невремето во САД се искачи на пет

Нема опасност за населението по излевањето на Маркова Река, евидентирана е само материјална штета

Горан Наумовски