Административниот суд на Истанбул ја отфрли жалбата на Министерството за култура за забрана на градба во паркот Гези

Од:

Истанбулскиот Административен суд ја отфрли жалбата, поднесена од турското Министерство за култура и туризам, против судската одлука за привремено запирање на изведувањето на проектот за пренамена на истанбулскиот парк Гези, соопшти весникот „Сабах“.

Друштвото за заштита на паркот Гези почна процес против Министерството за култура и туризам со барање за запирање на проектот за градба на копија од касарната од периодот на Османлиската империја во паркот Гези, во која ќе се најде и трговски центар.

geziparksupport

На 31. мај истанбулскиот регионален Административен суд издаде решение за привремено запирање на изведувањето на проектот до изјаснување за конечната одлука за предметот.

Конечната судска одлука се очекува да се донесе за два месеца, забележува весникот „Хуриет дејли њуз“.

По неколкунеделните протести против разурнувањето на паркот Гези турската влада вети дека ќе се усогласи со судското решение за судбината на паркот. Освен тоа, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе се спроведе референдум меѓу жителите на Истанбул во врска со проектот за реконструкција на паркот.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски