Абдула Оџалан може да биде ослободен од затвор поради здравствени причини

Од:

Лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан, кој отслужува доживотна казна затвор на островот Имрали во Мраморното Море, може да биде пуштен од затвор поради здравствената состојба, изјави претседателот на Ирак Џалал Талабани за порталот на Патриотскиот сојуз на Курдистан, пренесува ИТАР-ТАСС.

Ослободувањето на лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) може да биде реалност, доколку се земе предвид фактот што изминатиот период некои затвореници во Турција се ослободени или добиле олеснувања на казните поради здравствени проблеми.

Претставник на Сојузот на курдски општини изјави дека ослободувањето на Оџалан е исклучително важно за успехот на мирното решавање на курдското прашање во Турција.

Според весникот „Милиет“, сојузот на лекари во Турција побарал од властите да дозволи посета на островот Имрали за медицински преглед на Оџалан.

Претходно ПКК изрази незадоволство од политиката на Анкара за решавање на курдското прашање.

Би можело да ве интересира

Турција: Уништени 20 објекти на Курдистанската работничка партија

Четворица загинати во самоубиствен напад на ИД врз центарот на безбедносните сили во Рака

А1он

Покрената истрага против осомничениот за убиството на тројца Курди во Париз

А1он

(ВИДЕО) Париз како воена зона: Курдите излегоа на улица

Катерина Ѓуровски

Француските Курди протестираат во Париз по нападот врз тројца сонародници

Анкара поставила ултиматум за повлекување на курдските сили од три области во Сирија

Ана Ололовска