Абазовиќ: ЕУ да сфати дека Западен Балкан или целосно ќе се интегрира или ќе остане црна дупка

Од:

Европските институции треба да сфатат дека Западен Балкан имаат два патишта: едниот е целосно да се интегрира во ЕУ, што е желбата на сите овие земји, а другиот е да остане црна дупка што е голем проблем и за безбедноста во Европа, порача премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ за време на неговото учество на конференцијата на Економист во Атина и истакна дека идејата е процесот на проширување да остане жив, јави дописничката на МИА од Атина.

dobivaj vesti na viber

На панел дискусијата на која учествуваше заедно со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев и премиерот на Косово Албин Курти, Абазовиќ истакна дека она што се случува сега во Украина наликува на нешто слично што се случи на Балканот пред 20-30 години и истакна дека не е невозможно во вакви геополитички услови, „ако не бидеме прифатени од ЕУ да имаме слични проблеми некогаш во иднина“.

-Единствениот начин за справување со негативното влијание од Русија или било кое друго негативно влијание на некои супер сили е да се има позитивно влијание од ЕУ. А ЕУ треба да има позитивно влијание врз нашите земји, истакна Абазовиќ.

Додаде дека Црна Гора сака сите земји од регионот да одат напред, за Западен Балкан да се комплетира како европски регион.

-Сите треба да знаат дека на национализмот на Западен Балкан е длабоко поврзан со корупција. Политичарите кои промовираат национализам се длабоко поврзани со корупцијата. Не сакаат државите да одат напред, сакаат статус кво, порача црногорскиот премиер и додаде дека потребно е да се води борба против тоа.

Говорејќи за Црна Гора, објасни дека тие 100 проценти ја следат надворешната политика на ЕУ и иако имаат историски врски со Русија, сепак Владата е посветена на санкциите.

Изрази поддршка за секоја регионална иницијатива што, како што рече, „ќе ги носи земјите напред“, споменувајќи го и Отворен Балкан и објасни дека иако не се дел од иницијативата, сепак ја поддржуваат.

Истакна дека „регионалните иницијативи се механизам што може нашиот интегративен процес кон ЕУ да го направи побрз“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Моравјецки ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување кон помалите членки

На полноќ во ЕУ стапува во сила забраната за увоз на руски јаглен

Пахор во Анкара: Ризикот се уште постои на Западен Балкан и во Босна и Херцеговина

Курти за „Ла Република“: Постои опасност од нова војна меѓу Косово и Србија

А1он

Во американскиот Сенат предложен закон за борба против корупцијата и за економски развој на Западен Балкан

А1он

ЕУ и додели на Србија 223,7 милиони евра неповратни средства

А1он