35 хрватски навивачи денеска пред суд во Атина

Од:

Трет ден на распит на навивачи во Атина поради конфликтот во кој беше избоден навивач на грчки АЕК.

Во изминатите два дена 70 навивачи беа на распит и на сите им е одредена мерка притвор. Денеска пред обвинителот ќе излезат уште 35 навивачи, пишува ХРТ. ДНК на сите 105 навивачи се споредува со собраните докази.

Родителите на уапсените, плашејќи се за безбедноста на нивните деца, испратија отворено писмо до претседателот, премиерот и народниот правобранител. Бараат итно заминување на високи делегации од МНР, МВР и Министерството за правда во Грција.

Министерството за правда и администрација соопшти дека министерот Маленица разговарал со својот грчки колега. Претседателот Милановиќ очекува во следните 5 дена осомничените да бидат приведени, а останатите да бидат ослободени.

„Полицијата има право да ги приведе пет дена. Тоа сега истекува. Ако на сите им дадат притвор, без разлика зошто отишле таму, отишле да се тепаат, тоа не можам да го поддржам, тоа е само чудно однесување, но тие се граѓаните и тие имаат свои права“, рече Милановиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски