12 деца од Белград пијани завршија во болница: Иследниците се сомневаат дека децата испиле шпиритус

Од:

Откако од медиумите дознаа дека дванаесет деца синоќа биле примени на ВМА во тешка алкохолизирана состојба, Вишото јавно обвинителство во Белград формирало предмет за утврдување на сите околности на овој случај. Српските медиуми пишуваат дека иследниците се сомневаат дека децата испиле шпиритус.

Главниот јавен обвинител на ВЈТ во Белград, Ненад Стефановиќ, нареди да се откријат одговорните и во соработка со полицијата да се соберат потребните информации, по што ќе се донесе одлука за квалификација на кривичното дело и гонење на сторителите. ВЈТ веднаш ќе ја информира јавноста за исходот од собраните известувања.

Во ВМА синоќа биле примени дури 12 деца во тешка алкохолизирана состојба до 2,8 промили алкохол во крвта.

„Беа во тешка алкохолизирана состојба, до 2,8 промили алкохол. Ова е сериозна состојба. Загрижува фактот што малолетниците пристигнуваат во ваква тешка состојба“, вели Иван Лековиќ, доктор на Итната помош на ВМА.

Откако синоќа во ВМА беа примени дванаесет деца во тешка алкохолизирана состојба, се огласи и клубот во кој беа отруени децата.

„Клубот беше изнајмен синоќа за приватна прослава. Раководството на клубот нема никаква врска со синоќешните настани“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Пет малолетници истепани од осум машки лица на автобуска во Скопје

А1он

Скопјанец со возило удри двајца малолетници, повредените завршија во болница

Се урна авион во близина на Белград, пилотот е извлечен од вода

Во Белград в сабота ќе се одржи хуманитарен концерт во спомен на загинатите во Кочани

ВМА: Достапни сме за сместување на повредени од пожарот во Кочани доколку има потреба

Горан Наумовски

Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА