Зошто жените сакаат да бидат „плавуши“?

Од:

„Во желбата за посветла боја на косата се крие потребата да се изгледа различно“, изјави за „Дискавери“ Питер Фрост, антрополог од Универзитетот во Квебек и додаде дека „Поголемиот дел од населението е со темна коса, па блондинките се издвојуваат од толпата.“

„Бојата на косата која е вообичаена за одреден регион станува помалку атрактивна и се смета за премногу обична, а со тоа и помалку привлечна“, вели Фрост.

Современиот човек еволуирал во Африка. Дури и по миграција на тлото на Европа, пред околу 35.000 години, темните бои на косите се доминантни, велат истражувачите. Потоа, првите 10 или 15 илјади години, генот на луѓето одговорен за бојата на косата, во северниот и источниот дел на Европа, се променил, па сето тоа резултирало со варијација во нијансите од кафена до сина.

Бојата на очите, која што е резултат на повеќе гени, започнала да се менува во исто време. Некои научници веруваат дека промената во бојата на тенот, очите и косата, била за да луѓето од северниот дел полесно го примаат витаминот Де, но Фрост има поинакво мислење.

Тој вели дека во текот на последната ледена доба, мажите морале да ја преминуваат тундрата низ Арктикот во потрага по храна. Тоа довело до поголема смртност кај мажите, како и смалување на шансите за полигамија, бидејќи било невозможно да се прехрани повеќе од едно семјство во такви околности.

Бидејќи жените биле побројни од мажите, повеќе шанса да бидат центар на вниманието имале оние кои по нешто се разликувале од другите.

Мажите немале ваков притисок, па затоа, вели Фрост, дури и денес почесто се раѓаат девојчиња со руса, отколку момчиња, а кај девојките косата темнее многу побавно отколку кај момчињата.

 

Фрост својата теорија ја поткрепува и со фактот дека бојата за коса со светли нијанси повеќе се продава во земјите каде што природно луѓето имаат темни коси и обратно.

Покрај потребата да се биде различен, во светлата нијанса на косата лежи и потсвесното – да се изгледа „помлад“ и „послаток“, бидејќи кај децата поприродно е светлото влакно отколку кај возрасните.

Теоријата дека мажите повеќе се привлечени од блондинките беше разгледувана и од истражувачите од Универзитетот во Вестминстер. Тие направија мал експеримент за да проверат која боја на коса ја прави жената атрактивна. Истата жена отишла во три барови во Лондон, менувајќи се со сина, кафена и црвена перика.

Сите мажи што и пришле ги „региститале“ и притоа ги замолиле да ја оценат нејзината прилечност и интелегенција.

Според истражувањето, повеќето мажи флертувале со русокосата (60), потоа бринетата (42), а најмалку со црвенокосата (18).

На прашањето за интелегенцијата, мажите најмногу се определиле за бринетата.

Вирен Свами, водачот на истражувањето, смета дека ова укажува на фактот дека се променети и идеалите во женственоста.

„Во текот на ’60. и ’70. години, идеал за убавина за многумина беше Џеки Кенеди. Потоа во текот на ’80. и ’90. години, на пиедесталот беа блондинките, а неодамна оживеа митот и за нивата не баш интелегентна позиција во општеството“, објаснува тој.

Зошто мажите повеќе се одлучуваат за блондинки, иако бринетите повеќе им се допаѓаат?

„Бидејќи мажите се убедени дека блондинките се повеќе „достапни“ и постои помала веројатност да бидат одбиени“, вели Свами.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска